Завршија работите за подигнување на парк во Бела Црква, на место кое досега беше простор со отпадоци. Новиот парк е ограден со ивичњаци, посадени се дрвца и посеана е трева. Поубава животна средина треба да го покажува лицето на сите наши населени места и затоа ваквите зафати се важни за нашата Општина. Затоа наскоро исти вакви паркови ќе направиме и во Кривогаштани, Обршани и Воѓани.