Во изминатите денови, екипите на ЈП „Пелагонија“, извршија тампонирање и рамнење на три улици во населеното место Крушеани.
Материјалот за тампонирање беше обезбеден од Општина Кривогаштани, согласно договор склучен по спроведена јавна набавка.
Со овие активности се подобрува проодноста на улиците и се олеснува секојдневното движење на жителите.
Заедничките активности на ЈП „Пелагонија“ и Општина Кривогаштани придонесуваат за решавање на комуналните потреби и подобрување на условите за живот во населените места.
