Една екипа од вработените во ЈП Пелагонија – Кривогаштани во село Славеј изведуваа работни активности за приклучување на канализациската мрежа, со цел подобрување на условите за живот и унапредување на комуналните услуги за жителите. Друга екипа беше ангажирана да ги исчисти и искоси банкините во село Славеј.
Со посветена работа и континуирани активности, ЈП „Пелагонија“ продолжува да работи во интерес на граѓаните и подобра животна средина.
Работиме за почиста, поуредена и подобра општина!
