ЈП,,Пелагонија‘‘Кривогаштани – јавно претпријатие за водоснабдување и комунални услуги ги известува своите потрошувачи од населените места Кривогаштани, Крушеани, Врбјани, Славеј и Боротино дека поради драстично зголемување на потрошувачката на вода во изминатите денови, пумпите за водоснабдување не се во можност да ја обезбедат таа количина на вода. Затоа Ве известуваме дека водата од општинскиот водовод преба да се користи исклучиво за задоволување на основните потреби на населението (вода за пиење, хигиена, приготвување на храна), а не за наводнување на земјоделските производи, како и миење на дворови и други употреби на водата кои не се основни. Поради овие причини ќе се воведат рестрикции во водоснабдувањето во сите населени места , истите ќе започнат од 04.07.2017 година од 18 часот до 06 часот се додека се стабилизира состојбата со потрошувачката на вода.
Awesome
-
Design